СОВЕТИ


Потрошувачка на батерија.

Доколку се соочувате со зголемена потрошувачка на батеријата која се случила нагло, пред да го однесете апаратот на сервис, пожелно е да ги проверите следниве работи.

1. Мемориска картичка- мемориската картичка може да предизвика брзо празнење на батеријата ако е неисправна (во спој). Ова може да го проверите со едноставно одстранување на мемориската картичка и пратење на потрошувачката на телефонот без монтирана мемориска картичка.


2. Апликации инсталирани дополнително- апликациите кои ги инсталирате на вашиот смартфон може да предизвикаат несакано брзо празнење на батеријата.Ова може да го проверите со едноставно фабричко ресетирање (бришење на сите податоци во апаратот. Не заборавајте да направите копија од податоците на вашиот компјутер или серверот на Google) на апаратот и негова употреба бар 24 часа, без правење на GMAIL сметка и без инсталирање на апликации. Ако потрошувачката се промени драстично на подобро, најверојатно сте инсталирале некоја апликација која работи со многу ресурси на телефонот во позадина и предизвикува зголемена потрошувачка. Сетете се која е апликацијата која ја имате инсталирано непосредно пред зголемувањето на потрошувачката и избричете ја од листата на апликации кои ги инсталирате на вашиот смартфон (Листата е поврзана зо вашата GMAIL сметка).

3. Ако имате можност, пробајте го апаратот со друга оригинална батерија за споредба. Ако немате можност за ваква проверка, истата ќе биде направена во Сервисниот Центар.

4. Полнач-пробајте ја исправноста на полначот со благо виткање на кабелот за да видите дали можеби има прекин на истиот. Батериите на модерните смартфони не треба да се полнат повеќе од времето потребно за полнење до 100% (одприлика 2-4 часа, во зависност од моделот и капацитетот на батеријата). Избегнувајте да го оставате апаратот на полнач цела ноќ, бидејќи во некои случаи, тоа предизвикува непотполно полнење и несакано празнење на батеријата.

5. Мрежна покриеност, WIFI, Bluetooth, NFC, Податочна врска (Mobile Data), осветленост на дисплеј, користење на блиц при сликање- сите овие функции допринесуваат за зголемена потрошувачка на батеријата (нормални услови).Вклучувајте ги WIFI, Bluetooth, NFC, Податочна врска (Mobile Data) исклучиво според потребите и потрошувачката на батеријата ќе ви се подобри драстично.

6. Ако сепак, ништо од ова не помага, обратете се во вашиот Сервисен Центар за проверка на потрошувачката на апаратот, како и проверка на капацитетот на батеријата.