Почетна
ВИЗИЈА НА МОБИКО
Визијата на МОБИКО во областа на мобилната телефонија е одржување на застапеноста набрендовите SonyEricsson, Motorola, LG и Alcatel на македонскиот пазар со остварување ниво на квалитет на услуги претставени преку реализација на пред и постпродажната поддршка согласно барањата на купувачите додека пак во областа на ИТ&Топремата одржување на договорите со компаниите во кои се реализирани поголеми проекти и зголемување на застапеноста на пазарот.
МИСИЈА НА МОБИКО
За реализација на сопствената визија, Мобико ќе развива мисија во следните правци
- Обезбедување услуги со највисок квалитет
- Зголемување на конкурентната предностна пазарот во областа на понуда на услуги
Реализацијата на горенаведеното планираме да ја оствариме преку:
- Подобрување на квалитетот насопствените услуги (намалување на времето потребно за извршување на услугите,намалување на бројот на рекламации и сл.)
- Подобрување на состојбата на ресурсите преку инвестиција во градење кадри и тимски пристап кон работењето, како и инвестиција во инфраструктурата и подобрување на условите на работната средина
- Зголемување на рејтингот кај партнерите преку понуда на најоптимални решенија, почитување на договорените услови за реализација на услугата и обезбедување комплетна поддршка
ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИTET
Политикатаза квалитет на Мобико е понатамошно зголемување на довербата што нашите купувачи ја имаат во квалитетот на нашите услуги и на нивото на процесите нареализација по однос на постојаноста и ефективноста.
Мобико е посветен на своите корисници, поттикнувајќиги вработените да ја имплементираат оваа политика преку реализација на следнитеактивности׃
- Разбирање на потребите и желбите на корисниците
- Обезбедување на услуги во согласност со нивните потреби
- Следење, мерење и подобрување на нивното задоволство
- Интегрирање на принципите и методологиите на менаџментот со квалитет во секојдневната пракса
- Континуирано подобрување на процесите и услугите, за остварување бенефит на сите заинтересирани страни т.е корисниците, добавувачите, вработените, сопствениците како и општеството во целина
- Одржување и перманентно подобрување на системот за менаџмент со квалитет согласно барањата на ИСО 9001:2008